Вчера (четврток, 8 август) во рамките на Бит фест беше одржана манифестацијата „Битолски книжевни паметења“.
Под ведро небо, на Тумбе кафе пред битолчани се претставија актуелни писателски имиња од државата а посебно афирмативно беше настапувањето на млади писателски имиња.
Битолските книжевни паметења во организација на Битолскиот книжевен круг и се дел од Битолско културно лето Битфест.
Истата вечер вљубениците во театарската уметност проследија уште едно театарско остварување, овојпат дуодрамата „Каминот“ во изведба на народен Театар Антон Панов од Струмица.
Вечерта беше заокружена во неповторливиот простор на Магазата каде што битолчани уживаа во концертот на амбиентална музика во изведба на Бандерола бенд.