Екипата „Дар-Мар” е победник на годинешново издание на Меморијалниот турнирот во мал фудбал „Љубанци 2013″. Тие во возбудливото финале од овој турнир, кое се одржа вчера вечер (09 септември, понеделник) со резултат од 3:2 го победија тимот на „Побожје”.
Третото место на турнирот „Љубанци 2013″ го освои тимот „Свети Петар и Павле” од Долно Лисиче, кои по изведувањето на пенали со резултат од 4:2 го совладаа тимот на „Аква Вардар Кор”.
Финалната вечер од турнирот беше отворена со ревијален натпревар помеѓу два тима составени од ветераните на фудбалскиот клуб „Љубанци”.
На турнирот за најдобар играч е прогласен Урош Шикмановиќ од тимот „Манта 2013″, за најдобар голман Драган Стефановски од тимот на Агенцијата за млади и спорт, додека за најдобар стрелец со 5 погодоци е прогласен Иван Сотировски од тимот „Аква Вардар Кор”. Специјално признание и награда за фер-плеј доби тимот „Стела М” од Куманово.
Пехарите и медалите за победниците на овој турнир ги доделија градоначалниците на Градот Скопје и Општина Бутел, Коце Трајановски и Петре Латиновски, и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.
Средствата собрани од фудбалскиот турнир „Љубанци 2013″ ќе бидат доделени на семејствата на загинатите бранители од населеното место Љубанци.
Фудбалскиот турнир „Љубанци 2013″ беше отворен на 18 август и на него учествуваа голем број тимови од целава држава. Турнирот е финансиски поддржан од Град Скопје.