Со ревијален настап на повеќе културно уметнички друштва фолклорни групи и ансамбли на планината Голак кај Делчево се одржа 19-то издание на фестивалот „Голачки фолкорни средби“.
На отворената фестивалска сцена пред неколку илјади љубители на народните песни, ора и обичаи се претставија фолклорната група „Извор“ од Облешево, кочанско, КУД Карпош од Крива Паланка, фолклорниот ансамбл „Овче Поле“ од Свети Николе, фолклорната група Горубинци од истоименото светиниколско село, КУД „Вера Јоцик“ од Македонска Каменица, фолклорната група Копачка од село Драмче и фолкорниот ансамбл Вапцаров од Делечво.
Меѓународниот карактер на Голачките фолклрни средби беше надополнет со Младинско – детската фолклорна група „Дани“ од Дупница,Бугарија и фолклорниот ансамбл „Караѓорге“ од Арача,Србија.
Организаторите на Националната установа за кулутрна дејност „Никола Јонков Вапцаров“ и општината Делчево на сите учесници им доделија благодарници и признанија за учеството.
Гостите и учесниците во програмата на 19. Голачки фолкорни средби ги поздрави дечлевскиот градоначалник Дарко Шехтански, кој изрази благодарност за нивниот успешен настап и за финансиката поткрепа на овој фестивал од страна на Министерството за култура.
Гостите од Србија и Бугарија заедно со КУД „Вера Јоциќ“ вечерва ќе одржат целовечерен концерт во Македонска Каменица.
извор: regioni.mk