Заврши Скопско лето 2014

Вчеравечер со Концерт на барокна музика, на Kaмерниот оркестар на Музичката младина на Македонија во Музејот на македонка борба, заврши 35-то издание на една од најголемите културни Манифестации во Скопје и земјава, „Скопско лето 2014“.

skopsko Leto 2014 poster

Kaмерниот оркстар на Музичката младина на Македонија  постои повеќе од 28 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид 1986 година. Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на југоисточна Европа и е составен од студенти на ФМУ Скопје, но и гости и млади музичари од други земји, a досега  имаат учествувно над 300 млади. Со своето музицирање во сиот овој период се наметна на музичката јавност не само како неопходност туку и како изведувачки состав со високо- професионални квалитети. Диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски – Ѓумар,В. Николовски – Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О.Кондратенко, со постојана тенденција за промоција на млади диригенти и солисти. Оркестарот има реализирано над 90 концерти, добивајќи голем број високо позитивни критики, но и национални награди и признанија. Покрај класичниот репертоар, оркестарот има изведувано дела од современи, како и од македонски автори. Како признание за постигнатите резултати во 1995 година оркестарот беше поканет и одржа концерт во Будимпешта по повод 50 години од основањето на Светската федерација на Музичката младина. Оркестарот има остварено повеќе ТВ и радио снимки како и сопствена ЦД продукција (5 изданија). Веќе 27 години завршниот концерт на Летнтата сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните години и на „Скопско лето“ и „Битолско лето“.

Во изминатите 40 денови програмата на најголемата културна манифестација во нашиот град, на скопјани летните денови им ги направи побогати со уметнички настани.

Во организација на МОБ, на Гала оперски концерт настапија солистите, хорот и оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентско водство на Бисера Чадловска, солистички настап имаа: Славица Петровска – Галиќ, Весна Ѓиновска – Илкова, Благица Поп Томова, Цветан Стојановски, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров, Владимир Саздовски, Павлина Новакова – Георгиев, Сандра Митровска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ и Oлгица Милевска.

Во Националната галерија на Македонија – Мала станица,  беше отворен и мултимедијалниот проект на Гоце Наневски, насловен како МО(НУ)МЕНТ.

Во рамките на „Скопско лето 2014“ беа реализирани повеќе културни содржини поместени на повеќе локации во Скопје, односно во централното градско подрачје со настап на уличните музичари во организација на Универзалната сала од Скопје, симболично беше прославен првиот ден од летото или Светскиот ден на музиката. Целодневниот настап беше насловен како Музиката како енергија на населението или – Fetê de la Musique- .

Во новиот објект на Македонскиот народен театар се одржа концерт на Бурхан Очал и Хусну Шенлендириџи – Турција (“Burhan Öcal’s Istanbul Oriental Ensemble feat. Hüsnü Şenlendirici”).

Во соработка со ДЛУМ, се одржа ликовен перформанс со наслов –Скопски урбани приказни „Метаморфоза“, на кој учествуваа: Исмет Рамиќевиќ, Јовица Мијалковиќ, Филип Фидановски, Ели Аиновска, Деспина Крстевска, Гордана Вренцоска и Јана Манева Чупоска. На Плоштадот „Скендер бег“, се одигра театарската претстава „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Бесфорт Идризи, а во продукција: Aлбански театар – Скопје.

Град Скопје од Буџетот за реализација на Манифестацијата Скопско лето 2014-та одвои 1.800.000 денари, фестивалот финансиски го поддржува и Министерството за култура, а организатор и реализатор на настаните е Дирекцијата за култура и уметност-Скопско лето.

You May Also Like