Заврши „Научна и уметничка визита 2013“ во организација на МАНУ

Mанифестацијата „Научна и уметничка визита 2013“ што во организација на МАНУ и Научно-книжевниот центар „Уранија“ заврши. Истата, изминатата недела се одржуваше во Охрид.

Uranija Ohrid

Првиот дел од трибината беше посветен на последното издание на МАНУ – „Минералите на Македонија“ за чија научна вредност, но и естетика предавање одржа академик Георги Старделов.

МАНУ треба да биде горда што е објавено ова издание, оттаму што книгите од областа на природните науки се прилично ретки во споредба со научните трудови од лингистичките науки. Самата книга е конципирана да сама по себе се наметнува како исклучително, уникатно дело. Монографијата „Минералите на Македонија“ содржи многу интересни сознанија, уметнички импресивно богата со 700 фотографии, што ја не само научно туку и уметничко дело, истакна академик Старделов.

Академик Глигор Јовановски, кој со професорите Блажо Боев и Петре Макрески е коавтор на „Минералите на Македонија“ за тоа научно издание истакна дека е изготвено со основна цел светот да дознае за природното минеролошко богатство на Република Македонија.

Македонија според површината е многу мала, но мошне богата според бројот минерали со кои располага. Во трудот се опишани 66-те локалитети од каде се собрани минералите, и научно се опишани околу 80 минерали, како и кус опис на 50-тина минерали за кои постојат податоци дека се од Македонија, но се уште не сме успеале да ги собереме, рече академик Јовановски.

Книгата е напишана на англиски јазик, а според начинот на кој е конципирана таа е неменета како за оние кои од научна гледна точка се занимаваат со минерологијата и сродните научни области, таа е материјал интересен и за ентузијастите, колекционерите, сите оние луѓе кои се интересираат за минералите, а немаат соодветни научни познавања од областа.

Активностите во Куќата на Уранија продолжија со осврт на делото на Владимир Иванович Вернадскиј, украински и советски геохемичар и менералогист, а по повод одбележувањето на 150-годишнината од неговото раѓање. За Вернадскиј, кој важи за еден од основачите на геохемијата, биогеохемијата и радиогеологијата, говореше проф-др. Блажо Боев, проректорот за наука на Универзитетот „Гoце Делчев“ во Штип.

Денот од „Научната и уметничката визита“ беше заокружен со свеченоста на врачувањето на Меѓународна литературна награда „Николај Гогољ триумф“ што на м-р. Вера Чорниј-Мешкова – поетеса, преведувач и општествен деец и ја предаде амбасадорот на Република Украина во Македонија, Јуриј Гончаров.

Претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, најави збогатување на „Научната и уметничката визита“ со уште повеќе активности во иднина, со забелешка дека научните активности во Охрид продолжуваат веќе од 1 септември, кога ќе биде отворена и Меѓународна летна школа на информатичари.

You May Also Like