Заврши Галичката свадба, познати младенците за в година

Со свадбените ритуали и со венчавката на младенците, Александра Крстевска (26) и Васе Ѓорѓевски (27) во Бигорскиот манастир, вчера заврши традиционалната Галичка свадба.

galicka_svadba

Галичката свадба годинава се одржува по јубилеен 40. пат, а почна во саботата со китење и истакнување на бајракот и три истрели од пушка. Двата дена со звукот на зурлите и тапаните на дебарските музичари “Мајовци” се играат изворните ора, а паралелно со нив се одвиваат и познатите галички адети.

За првпат на оваа манифестација, уште за време на свадбата се избраа младенците за следната година. Имено, Дејан Петровски, кој беше бајрактар на годинешната свадбена церемонија, клекна на колена пред Кристина Кипријановска и ја запроси. Со овој чин Петровски си го обезбеди главното место за следната Галичка свадба, каде место учесник, ќе биде зет.

Првата “Галичка свадба” е одржана во 1963 година.

You May Also Like