Завршена третата фаза од конзервацијата на куќата на Ајри Доко во Охрид

Во рамките на проектот за зачувување на архитектонско-стилските вредности на градските јадра и соодветен третман на споменичното наследство во Охрид заврши третата фаза од конзервацијата (факсимилна обнова) на репрезентативниот објект од охридската староградска архитектура, Куќата на Ајри Доко.

ajri doko 2

Еден од приоритетите на Министерството за култура е заштитата на културното наследство, преку реализација на повеќе проекти за обнова и конзервација на фасади во позначајните градски јадра во Македонија.

ajri doko 1

Конзервацијата на Куќата на Ајри Доко започна во 2011 година, кога поради сериозните оштетувања на темелите, објектот беше урнат. Градежните работи продолжија во 2012 година кога беа оформени приземјето и катот од објектот, а оваа година е поставена дрвена покривна конструкција и е пристапено кон оформување на фасадата на објектот. За наредната година останува да се постави надворешната столарија, да се дообработи фасадата на катот од објектот и да се изведат внатрешните преградни ѕидови.

Реализацијата на проектот за конзервацијата на овој значаен споменик на културата лоциран во стариот дел на градот е во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.

Претходно во Охрид во рамките на повеќегодишниот проектот целосно е завршена санацијата на фасадата на Куќата на Бојаџиеви. Двете зданија ја претставуваат во полно светло охридската староградска архитектура и урбанистичките концепции од 19-от век.

ajri doko 3

Со реализацијата на овој повеќегодишен проект ќе се даде придонес кон зачувување на архитектонско-стилските вредности на градските јадра и ќе се овозможи соодветен третман на споменичкото наследство.

 

 

You May Also Like