Женски теми, Шекспир и добра музика на Бит фест

Денеска (вторник, 23 јули) на програмата на Бит фест 2013 се следниве настани:

Magaza_Bitola

 

19.00 КЦ Магаза „Фемина секрета“ во организација на Здружение за заштита на правата на жените Ернестин. Во рамките на програмата се обработуваат теми со апсолутниот придонес на жената во општествотот, преку претставување на вкусни специјалитети приготвени од благата форма на кујната, воедно следење на светските трендови, како и промоција на кулинарските вештини на жените од општина Битола.

Битола Шекспир Фестивал

19.30 Изложба на плакати од претстави на Шекспир, поставени на Народниот театар во Битола – Изложбата ќе ја отвори Јордан Плевнеш

20.00 Народен театар – Хенри Шести, трет дел – Џон Блондел, Народен театар – Битола, Македонија

20.30 КЦ Магаза Ревија на етнолошки филмови од Словенија. Автор на проектот е Јелка Пшајд – етнолог, виш кустос – Помурски Музеј – Мурска Субота.

21.30 Двор Дом на АРМ

Музички проект „FLY” – Музички концерт и перформанс во кој учествуваат BLUESIS и студиото за модерен балет „Анастасија“

21.00 часот во КЦ Магаза ќе се одржи и Концертот насловен Сентиментални звуци -изведба на популарни македонски евергрини – Трајче Органџиев – поијано, Христо Христовски – гитара, Арсо Јаневски – перкусии.

You May Also Like