„Жени во народното собрание“ најдобра претстава на „Стоби 2013“

Гранд при наградата на фестивалот „Стоби 2013“ е доделена на претставата „Жени во народното собрание“, во изведба на Народен театар од Суботица.

theatar masks (copy)

Наградата за најдобра режија, отиде во рацете на Никола Живишиќ режисер на истата претстава.

Наградата за најдобра машка улога, му е доделена на македонскиот актер Диме Илиев, за улога во претставата „Евридика“, во изведба на Драмски театар, а за најдобра актерка на фестивалот е прогласена Назан Јатгип за улогата на Мирина во претставата „Лисистрата“.

Специјална награда за сценско визуелна слика на фестивалот му припадна на Градскиот театар од Истанбул кој во Стоби премиерно ја изведе „Лисистрата“.

На свеченото затворање на фестивалот синоќа во амфитеатарот во Стоби Турскиот театар од Скопје ја изведе претставата „Шекспир во приказни“ во режија и кореографија на Кери К.Невзати.

You May Also Like