На 03ти Август (Сабота) на плажата Парк во Охрид ќе се одржи Етика Фестивал, продолжение на летниот фестивал Фонетика кој имаше две успешни изданија на плажите во Струга.
Програмата на Етика фестивал ќе опфати 20-тина актуелни и искусни македонски диџеи и артисти, кои ќе покажат дека знаат да направат иста забава како и прескапите меинстрим диџеи кои се појавуваат секое лето на истата бина во Охрид.
Во бек-ту-бек сесија на 4 грамафони ќе настапат рап диџеите Гоце Саф, Димитри од Чаир, Чваре и Страјк заедно со ЛД Пистолеро и Тонио Сан на микрофоните. Доцните вечерни и раните утрински часови ќе бидат резервирани за хаус и техно диџеите Самоил Радински, Никола Ризов, Флудер, Андреј Мицајков, Васо, Маци, Мискоски, Базел, Мачки, Оги, Игор Зотиќ, Дени Трајков и Вишко и Зоки Бејбе кои ќе настапат заедно со Тамара Тодевска.
Како најава за овој фестивал ќе се одржат 22 забави низ целата држава каде ќе биде може да се набават влезници и промо материјали за фестивалот. Овој викенд забави ќе се одржат во скопските барови Кино Карпош, Излет, Суперфлај и Кала како и во Енџелс во Штип, Кјуб – Куманово, Кафе Ин – Битола и Ти Амо – Радовиш.
Влезницата за фестивалот ќе изнесува 200 денари а почетокот на фестивалот е закажан за 18 часот. [fb_button]