“Етика” фестивал во сабота во Охрид

Во сабота на плажата Парк во Охрид ќе се одржи фестивалот Етика, продолжение на летниот фестивал Фонетика кој имаше две успешни изданија на плажите во Струга.

Etika Festival Fuull

Етика фестивал е единствениот голем музички настан ова лето во Охрид со програма составена само од македонски диџеи и артисти. Тие ќе ја бранат нашата чест и ќе покажат дека знаат да направат иста забава како и прескапите меинстрим диџеи кои се појавуваат секое лето на истата бина во Охрид.

Во бек-ту-бек сесија на 4 грамафони ќе настапат рап диџеите Гоце Саф, Димитри од Чаир, Чваре, Страјк заедно со ЛД Пистолеро и Тонио Сан на микрофоните. Доцните вечерни и раните утрински часови ќе бидат резервирани за хаус и техно диџеите Самоил Радински, Никола Ризов, Флудер, Андреј Мицајков, Васо, Маци, Мискоски, Базел, Мачки, Оги, Игор Зотиќ, Дени Трајков како и Вишко и Зоки Бејбе кои ќе настапат заедно со Тамара Тодевска.

Etika Artists

Временскиот распоред на изведувачите е следен:

18:00 – 20:00 Отварање
20:00 – 01:00 Чваре, Гоце, Страјк, Димитри од Чаир + ЛД Пистолеро & Тонио Сан
01:00 – 02-00 Зоки Бејбе, Вишко & Тамара
02:00 – 03:00 Мачки & А.Мискоски
03:00 – 04:00 Базел & А.Мицајков
04:00 – 05:00 Самоил Радински & Оги
05:00 – 06:00 Васо & Никола Ризов
06:00 – 07:00 Дени Трајков & Игор Зотиќ
07:00 – 08:00 Флудер & Маци
Во изминатиов месец се одржаа и 25 успешни промо забави за Етика фестивалот низ клубовите во Македонија каде настапија сите диџеи кои се дел од програмата на овој фестивал. Влезницата ќе може да се набави на врата а изнесува само 200 денари со што ќе се овозможи фестивалот да биде достапен за сите млади луѓе кои се во тој период во Охрид. Почетокот на фестивалот е закажан во 18 часот, крајот во утринските часови а тоа значи повеќе од 12 часа квалитетна музика и забава.

You May Also Like