Есма Реџепова-Теодосиевска со титулата “Национален уметник”

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во вилата „Водно“, во присуство на министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска, на Есма Реџепова-Теодосиевска свечено и ја додели титулата Национален уметник на Република Македонија, највисокото признание од областа на културата во нашата држава.

Esma nacionalen umetnik dodeluvanje na nagrada  (14)

Претседателот Иванов истакна дека прогласувајќи ја Есма Реџепова-Теодосиевска за национален уметник, ние денес ја искажуваме нашата посветеност кон уметноста и трајните вредности на музиката.

Уметниците биле, се и ќе бидат најзначајните гласници на мирот, почитувањето и разбирањето. Низ уметноста, тие ги надминуваат сите граници и недоразбирања и невозможното го прават возможно. Тоа најдобро го покажува Есма – рече претседателот Иванов.

Министерката за култура Канческа-Милевска, во своето обраќање пред присутните додаде дека Есма Реџепова-Теодосиевска со своите многубројни изведби и креации, со својот талент и умешност создаде вредности кои се наш печат за идентификација во светот.

За Есма Реџепова може да се зборува многу. Таа е веќе лесно препознатлив македонски бренд. Нескромно ќе забележам дека не постои континент и нема земја во светот која Есма Реџепова ја нема освоено со својата песна, со својот раскошен глас, со својот темперамент. Голема и неповторлива, кралицата на ромската песна и иконата на македонското музичко поднебје, живее со репутацијата на светски уметник со импозантна кариера која трае цели педесет и пет години – истакна Канческа-Милевска.

Титулата „национален уметник“ се доделува во согласност со Законот за национален уметник на Република Македонија, а досегашни добитници на титулата се музичкиот уметник и пијанист, Симон Трпчески и сценаристот и режисер, професор Милчо Манчевски.

Esma nacionalen umetnik dodeluvanje na nagrada  (1)

Esma nacionalen umetnik dodeluvanje na nagrada  (3) Esma nacionalen umetnik dodeluvanje na nagrada  (4)

Esma nacionalen umetnik dodeluvanje na nagrada  (7) Esma nacionalen umetnik dodeluvanje na nagrada  (8)

Esma nacionalen umetnik dodeluvanje na nagrada  (10)

Esma nacionalen umetnik dodeluvanje na nagrada  (12)

You May Also Like