Екипите на Град Скопје ги расчистуваат штетите од невремето

Поради силното невреме што во изминативе неколку часа го зафати Скопје, екипите на Градот Скопје составени од вработени во „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“ и екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје излегоа на терен и ги расчистуваат последиците од него.

Град Скопје
Град Скопје

Досега до Градот Скопје и јавните претпријатија стигнати се пријави за паднати дваесетина дрва и екипите на терен ги расчистуваат паднатите гранки и скршени дрвја кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги пријават сите забележани дефекти во светлосната патна сигнализација или скршените гранки и дрвја од силниот ветер на следниве телефони:

Во ЈП „Паркови и зеленило“ – 02/3070 112

Во ЈП „Улици и патишта“ – 02/3162 317

Во ЈП „Водовод и канализација“ – 3073-010, 0800 22555 – бесплатен број

You May Also Like