Дуке Бојаџиев со ексклузивен концерт во Скопје

На 5 септември, во просторот на Капан Ан, со почеток во 23 часот нашиот музичар со интернационална кариера Дуке Бојаџиев пред љубителите на неговата музика ќе одржи концерт.

duke bojadziev in the air poster

Дуке најавува дека ќе ја искористи средбата со скопската публика да го презентира дел од својот нов материјал низ електро-акустичен сет. За визуелизација на проектот ќе биде задолжен гостинот од Истанбул, VJ Vidbeat, додека домашна поддршка ќе понудат ди-џеј Илина и ди-џеј Томи Бојаџи.

Duke bojadziev 123Ова беше навистина богат период со случувања за мене и моментот за повторно закажување на концернта промоција е идеален. Секогаш ми претставува посебна чест да застанам пред домашната публика и со нив да ги споделам моите последни музички остварувања“ – изјави Дуке кој е веќе пристигнат во родниот град, се подготвува за настапот и ја привршува работата на музиката за долгоочекуваниот филм на Столе Попов, „До Балчак“.

Последно завршено музичко остварување на Бојаџиев е соработката со американскиот режисер, оскаровецот Џонатан Деми („Филаделфија“, „Манџурискиот кандидат“, „Вистината за Чарли“, „Кога јагнињата ќе стивнат“) на неговиопт последен филм „Страв од паѓање“, каде тој се појавува како композитор и музички продуцент.

На популарните светски музички листи, Бојаџиев е актуелен со ко-авторската соработка на новиот материјал на „Телепоп мјузик“ (новиот сингл “Try me anyway” излезе неодамна), а потсетуваме заедничкиот сингл со Лорен Амарис, “In the Air” минатата година беше прогласен и за хит на годината на радиото Антена 5.

Дуке Бојаџиев е македонски композитор, продуцент и пијанист кој веќе 12 години живее и работи во Њу Јорк. До сега има издадено 7 соло албуми, а неговата музика е дел од светски познатите компилации “Buddha Bar”, “Marrakech Express” и “Chill out in Paris”. Има изработено авторска музика за повеќе македонски и странски филмски остварувања, како и музика за маркетинг кампањи на повеќе светски брендови меѓу кои L’oreal, L’ancome, Peugeot и Mercedes. Бележи свои музички настапи во светски дворани како Carnegie Hall, The Highline Ballroom, Cipriani Ballroom, The Avalon Theater во Лос Анџелес, Art Basel во Мајами, The Box – NYC, Антички Театар – Охрид.

Во неговата интензивна музичка кариера има соработувано со: Телепоп мјузик, Angela McCluskey, The Citizens Band, Македонската Филхармонија, Cyndi Lauper, Blue Man Group, Ara Dinkjian, Ian Buchanan, Paul Cantelon, Sussan Deyhim и уште многу други.

Како загревање пред концертното представување на предвивдена е забава во арт кафето Концепт 37, кое се наоѓа на Рузвелтова 37 .

Картите за концертот ќе се продаваат пред самиот настан по цена од 200 денари.

You May Also Like