Денешниот, четврти ден (27 јули, сабота) на фестивалот за процесирање култура ДримON – струга е посветен на утрешниот уметник.
За современите и традиционалните пресеци во уметноста ќе говори професор д-р Јане Бакрески.
Ќе бидат одржани две работилници за креирање мандала и за експериментален цртеж.
Вечерта е посветена на младиот Македонски филм од авторите: Јане Алтипармаков, Иван Ивановски, Саша Станишиќ. Секако нема да изостане нова изложба на фотографии овој пат дело на Иван Дургутовски.
Програма:
12:00 Работилница со млади „Мандала“ Кристина Тодороска Петреска
14:00 Работилница за експериментален цртеж, Христијан Томаноски
19:00 „Медитации: Љубовта во себе, љубовта за себе, за другите, за градот“
Професор по јога Ванчо Тасески
20:00 Предавање, Јане Бакре „Традиционалното и современото во уметноста“
21:00 ИЗЛОЖБА на Иван Дургутовски „Daemon semen“
22:00 ФИЛМ: „Внатре“, „Народен фронт 12“- Иван Ивановски
„И фабриките имаат душа“- Јане Алтипармаков и Наташа Гелева
„Златко“- Саша Станишиќ,
„Happy Endings“- Јане Алтипармаков
МУЗИКА: Rootboy Selecta