Во недела, 8.септември, на Градската плажа – Камен мост ќе се одржи драменбејс промо-журка како најава за претстојниот традиционален фестивал „Пиволенд“.
Домаќин ќе биде барот „Ториа“, а ќе настапат три нови и надежни имиња на македонската клабинг сцена: Владимир Кесковски – Кеско, Симон Кипровски – Дред и Нерсес Малајкан. Добрата забава е загарантирана, а посетителите ќе можат да уживаат во микс од драменбејс, дабстеп, брејкбит и џангл звуци во траење од 4 часа. Лето, плажа, ладно пиво и „џунгла“ од грамофоните – звучи примамливо!
Иницијативата за настанот доаѓа од Скопје Вавилон – нова форма на активизам, која обединува креативни умови и стимулира активности за одржување и унапредување на културниот живот на Скопје.
Журката започнува во 22:00 часот, а влезот е бесплатен.