„Дојди со мене“ нова песна на младата Елена Миленковска

Младата пејачка Елена Миленковска по солидниот успех со првата песна „Добар или лош“, за летниот период ја промовира нејзината нова песна.

elena milenkovska 2

Во летен и жив ритам, „Дојди со мене“ дело на познатиот тандем Цветковски, во која Лазар се погрижи за музиката и аранжманот, додека неговата сестра Магдалена за текстот.

За „Дојди со мене“, се сними и спот во режија на Владимир Дади Ивановски. Видеото е снимано на неколку локации во Торони, на Халкидики во Грција и во него се појавуваат и 15-тина манекенки од модното студио „Црнокрак“.

elena milenkovska 1

Ако во „Добар или лош“ покрај Елена во спото го видовме најдобриот македонски пливач Мартин Стефановски, сега улогата на фраер му пропадна на манекенот и топ модел Нинослав Милошевски.

Промоцијата на новиот видео запис ќе биде наскоро, а дотогаш Елена ви ја претставува „Дојди со мене“, песна за која вели дека навистина и „легна“.

You May Also Like