Министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска денеска (петок, 13.09.2013) во 11 часот во претседателската резиденција на Водно ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод врачувањето на титулата Национален уметник на Есма Реџепова-Теодосиевска.
Признанието Национален уметник се доделува согласно Законот за национален уметник на Република Македонија, а досегашни добитници на титулата се виртуозот на пијано, Симон Трпчески и добитникот на Златен лав и македонски кандидат за Оскар, Милчо Манчевски.