Доделување на наградите за филантропија и општествена одговорност

Денес ќе се доделат Наградите за филантропија и општествена одговорност за 2012 година. Свеченоста ќе се одржи на 11 јули 2013 (четврток) во хотелот “Александар Палас” од 19:00 до 21:00 часот.

aleksandar palas

На самиот настан медиумските претставници ќе добијат Соопштение за печат (за публикување по настан) во кое ќе бидат наведени сите добитници, и исто така, ќе имаат можност да добијат изјави од присутните. Доколку сакате да ни се обратите со барање за интервју, гостување или друг вид на медиумско покривање кое би следело по настанот, слободно обратете ни се преку контактот наведен подолу.

На сите наградени ќе им биде доделена статуетка и пригодни награди од ЦИРа, а по доделувањето на наградите ќе следи свечен коктел.

Наградите за филантропија и општествена одговорност традиционално се дел од годишните активности на ЦИРа. Целта на наградите е да се препознаат добрите практики на одговорно делување и да им се оддаде признание на граѓанските организации, институции, медиуми, компании и индивидуи за нивниот придонес кон заживување и развој на вредностите на солидарност, хуманост, општествена одговорност и добротворство преку практиките на донирање и поддршка на поединци и заедници во неволја за 2012 во Република Македонија.

Оваа година Наградите за филантропија и општествена одговорност се финансирани од Европската унија преку програмата за јакнење на граѓанското општество во рамки на проектот SIGN за одржливост, каде што ЦИРа е вклучена како партнерска организација одговорна за активностите во Македонија.

You May Also Like