Традиционална награда на Матицата на иселениците за најдобра објавена поетска книга од македонските иселеници, „Иселеничка грамота“, годинава им е доделена на Жаклина Михајлова од Сиднеј за стихозбирката „Од по жица“ и на Лилјана Стоилковска-Андовска од Малме за поетската книга „Аксиос“.
Наградата на Жаклина Михајлова и Лилјана Стоилковска-Андовска ќе им биде врачена идниот месец, на поетската манифестација „Празник на липите“ на Друштвото на писателите на Македонија.
Целта на наградата „Иселеничка грамота“ е да го мотивира и вреднува творештвото на авторите од Македонија кои живеат во странство.