„До врвот за подобар живот“ за луѓето со ретки болести

Здруженијата за ретки болести од Македонија и Бугарија на 7 септември (сабота), во 12:00 часот, во хотел ВИП, Скопје организираат средба.

zivot_so_predizvici_zname

Националната Федерација за ретки болести од Бугарија ја искажува својата поддршка кон Македонските пациенти со ретки болести со тоа што се приклучува кон искачувањето на Голем Кораб на 8ми септември. По тој повод се организира и оваа средба на која ќе бидат разменети искуства и информации за подобрување на квалитетот на животот на пациентите и семејствата со ретки болести.

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ оваа година ќе се приклучи кон искачувањето на Голем Кораб на 8ми Септември, во организација на Планинарскиот Клуб „Кораб“ под мотото „До врвот, за подобар живот!“, и на врвот ќе го однесат знамето на „Живот со Предизвици“ во име на пациентите со ретки болести.

Оваа активност се реализира во име на пациентите со ретки болести кои немаат третман и не можат да се приклучат кон ваков спортски предизвик, и со цел подигнување на јавната свест за ретките болести и подобрување на квалитетот на животот на пациентите и семејствата кои се соочуваат со ретки болести.

Планинарскиот клуб Кораб, по 22ри пат ја организира традиционалната меѓународна планинарска акција „Искачување на Голем Кораб“ (2754 мнв), на 8 Септември, 2013год, недела.
Патеката на искачувањето е со должина 18.160 метри во двете насоки. Истата е маркирана и обезбедувана од водачите на ПК Кораб, а на самата патека ќе има три пункта за помош и превенција. Стартната позиција е на висина од 1280 метри надморска височина. Повеќе информации во однос на организацијата од страна на ПК Кораб, може да најдете тука .

You May Also Like