Во Културниот центар Магаза во вторникот (16 јули) се одржа сценскиот настап – македонска поезија со музика, во изведба на Љупчо Тодоровски – Упа. „Парче душа“ е проект на говорење поезија на големиот Блаже Конески.
Намерата на изведувачот е „преку рецитирањето повторно да си го завземе своето место, да ја поврати публиката и состојбите на душата што тоа, рецитирањето ги предизвикувало. И за некоја години да се одржи масовно државно првенство во рецитирање“, вели Тодоровски
Изведувачот, Љупчо Тодоровски-Упа, дипломиран актер, студирал и југословенска книжевност со македонски јазик и оттаму произлегува неговата почит и страст кон јазикот наш и поезијата, како и способноста и знаењето за интеракција со младата публика.
Во исто време во концертната сала на Завод и Музеј се одржа концерт на флејта и пијано на Гоце Талевски и Елена Христовска. Гостите имаа можност да уживаат во исклучителна програма која предизвика вистинско воодешевување кај публиката.