Утре (недела, 17 март) во 12:00 часот во просториите на Туристичкиот сојуз на град Скопје ќе се одржи јавна дискусија на тема „Уметност и/или политика: Двојното кодирање како предизвик или парадокс“?
Учесници:
Проф. д-р Небојша Вилиќ, историчар на уметност
М-р Сафет Ахмети, историчар на уметност
М-р Харалд Шенкер, аналитичар
Модератор: Владимир Јанчевски
Во време на драматични општествени и политички превирања, секогаш се издигнува дилемата: дали да се поставуваат прашања, или пак, е крајно време да се даваат одговори. Токму во оваа состојба на „итност“ на глобално ниво, сè почесто се поставува прашањето за политичката улога на уметноста и нејзиниот критички однос кон прашања кои се од важност за целокупниот општествен систем. Нивното преиспитување, во име на изнаоѓање на нови вредности, неизбежно доведува до преиспитување не само на внатрешната автономност на уметничкото (како проект на модерната), туку и на автономијата на уметникот, да делува како уметник, по сопствено убедување, спремен да се соочи со сите последици
Организатор на настанот е Кооперација.