Дизајн на играчки за деца низ 20-тиот век

Во 1900 година Елен Кеи, реформаторка од Шведска, предскажала дека тоа ќе биде век на детето. Целиот 20-ти век е одбележан со интензивни општествени промени, кои оставиле печат на дизајнот на детски производи. Независно дали станува збор за политички промени или војни, развој на различни правци во уметноста …сето тоа има влијание врз светот на децата, и не потсетува дека, што и да правиме и какви било решенија да носиме како возрасни, последиците ги носат само тие после нас.


Њујоршкиот Музеј за современа уметност МоМа, го одбележа бурниот развој на детскиот дизајн во текот на 20-от век со ретроспективна изложба. Оваа е одлична идеја да се вратиме назад во времето и да видиме како се менувала концепцијата за дизајн на производи за деца.

Нов век,Ново дете,Нова уметност 1900-1910

Во почетокот на 20-от век, за многу дизајнери, писатели и реформатори, децата се жив симбол на брзите промени. Дизајнот во овој период е под влиајние на Новиот бран, акцентиран е врз единството на сите форми на уметноста, повотрното раѓање на рачните ракотворби, употребата на органски и апстрактни форми. Водечките дизајнери од многу центри на Европа и Америка, од кои повеќето жени, ја користат оваа можност да го осмислат и создадат материјаниот свет на детето. Се менува и детската педагогија, која воглавно се акцентира врз богатството на природата, креативниот потенцијал кој е вроден во секое дете.


Позната како “Подарок“, играчката создадена во 1890 од Froebel е дел од серијата од 20 објекти, меѓу кои геометриски форми, дрвени коцки…кои имаат за цел да ја олеснат и помогнат детската креативност и иновативност.

Марија Монтесори во тој период го создава својот популарен метод на образование, во кој се користат шарени и дрвени материјали, кои детето има слобода да ги одбере само.

Авангардно детство 1910-1930

Овој период е одбележан со иновативни идеи после Првата Светска Војна, на Италијанските футуристи, на движењето Де стил (De Stijl) во Холандија, Германските експресионисти, учителите од Баухаус, модернистите од новосоздадената Чехословачка…Многу од аваградистите го насочуваат вниманието кон детето и неговото невино битие, преку нај-чистите форми на човечката уметност. Како резултат на тоа, се создаваат многу интересни мебели, играчки, книги и ентериери, кои имаат цел да бидат моќен катализатор на енергијата во младите.

Детски гардеробер, 1918 г. Giacomo Bala. Италијанскиот артист е дел од движењето на футуристите, кои работат на серија експериментален мебел.

Количка за деца, произведна во 1958 г. од Холанѓанецот Gerrit Rietveld.

Воздух, здравје, свежина 1920-1930

Модернизмот и својствениот за него идеализам, наоѓа одраз во дизајнот за деца меѓу двете светски војни, загрижен за здравјето и безбедноста на децата. Посветен на идеата за трансофрмација-преобразба на општеството. Се смета дека, утопичното идно друштво ќе ја поседува истата едноставност, отвореност и љубопитност, која ја имаат децата. Дизајнерите акцентот го ставаат врз хигиената и здравјето на идните поколенија и создаваат, нови модерни алишта, детски соби, мебел …кои се прости, чисти, лесни и функционални. Се нагласува физичката активност, а децата се насочуваат да бидат дел од спортски активности, гимнастика, танц. Во овој период се појавуваат многу интерактивни книги и игри за конструкција, кои ги водат децата на фантастични патувања во светот на идеите.


Тротинет Skippy-Racer, 1933 г., John Rideout и Harold Van Doren. Ја отсликува личната слобода и мобилноста. Играчката била голема желба за повеќето деца во тоа време, кои тонеле во беда во годините после Големата Депресија и показател за нееднаквоста во модерното друштво.

Децата и Политиката 1920-1940

За жал, децата не биле поштедени од политичките грешки на векот. Симбол на домашната топлина, идентичност и подобра иднина, децата се основен мотив во политичката пропаганда  од 1920 г. и за време на Втората светска војна. Во тој период многу политички партии, ангажирале артисти да служат со идејата на младинските организации, создавајќи униформи и играчки. Се создаваат детски клубови во Советскиот сојуз и детски колонии во начистичка Италија.

Graf Zeppelin, 1930 г.


SAKAMPF игра за деца, 1933 г. Играта има цел да ги запознае малите момчиња со нацистичката идеологија.

Обновување,Регенерација 1940-1960

Животот после Втората Светска Војна е погубен за многу гладни, бездомни и сиромави деца, главно во Европа и Јапонија. Главен предизвик е повоената реконструкција, не само на околината, но и на човечкиот дух. Децата се составен дел од стремежот за изградба на нов, по- добар свет. После милитизирањето, национализирањето и расната дискриминација кои ги носи војната, многу дизајнери бараат начин да ја оживеат изгубената невиност и да го разбудат импулсот во децата за конструкција и создавање. Меѓународни групи од детски психолози, воспитувачи и дизајнери обединуваат сили за создавање и промовирање на „добри играчки“.


Автомобил-лилка, 1950 г., Hans Brockhage и Erwin Andra


Лего, 1954-1958, Godfried Kirk Christiansen – нај популарната детска игра.

Иновации 1960-1990

Масовното производство и иновациите во овој период доживуваат расцут, како симболи на модерниот дизајн. Масовната продукција повлекува со себе и масовна реклама, брендирање и агресивен маркетинг. Тоа ги става децата во нова улога, поточно тие сега се индивидуалци и добро информирани конзуматори, а освен тоа експолатирани се од големите трговски вериги. Периодот уште е одбележан со влијанието на светските компании-произведувачи, на новите технологии и влијанието на самите деца, кои се повеќе прават избор да купат, со што се претвораат во значајна економска сила.


Омнибот 2000, робот, кој се движи управуван со далечинско, 1985. Може е смешно, но роботот може да се контролира, може да фаќа и разместува разни предмети и да зборува. Во средината на 80-те е многу посакуван и популарен меѓу децата и тинејџерите.

Вселенска станица и ракета, 1968 година. Roger Limbrick. Британската фирма Polypops, создава играчки од картон, како оваа. Година покасно стапнува првиот човек на Месечината.

Подготвил: Л. Ѓ.

You May Also Like