Согласно традицијата, очекувано, МКЦ во летните горештини продолжува сообнова на објектот. Минатата седмица заврши комплетната реконструкција на Џебното Кино, а оваа продолжува реконструкцијата на Кино Фросина.
Младинскиот Културен Центар продолжува со инвестирање во функционалноста и обновата на својатаопрема и капацитети, овој пат преку набавка на нов, современ дигитален кино проектор и обновување на едно од најстарите кина воГ радотСкопје, киното Фросина.
Новиот дигитален кинопроектор, е резултат на одобрениот проект на ЈУ МКЦ, за Дигитализација на кината во рамките на фондот на ЕУРИМАЖ. 50% одсредствата, беа обезбедени од фондотна ЕУРИМАЖ, а вторат аполовина, од Филмскиот фонд на Република Македонија.
Оваа инвестиција е од неопходно значење за ЈУ МКЦ, како институција која активно го следи развојот на технологиите и нивната имплементација, и секако, обврската континурано да сеподобрува искуството на гледање филмови. По инсталирањето на најсовремениот дигитален 3D кинопроектор во киното Милениум, минатата година, континуитетот продолжува со дигитализација на второто по големина кино во Скопје, киното Фросина, со што Фросина, конечно ќе блеска во полн сјај.
Кино Фросина останува единствениот простор во градот чија цел е развој на европската кинематографија и негување на европското филмско наследство.