Шпаркасе Банка, СОС Детско село, Црвениот крст на град Скопје и граѓаните кои се вклучија во големата хуманитарна акција ‘‘Мојата единствена шанса за летување сте вие‘‘ им овозможија на 30 деца од СОС да летуваат во кампот Солферино во Струга. Долго очекуваниот одмор на дечињата започна во петокот и ќе трае до 12 јули.
Претседателот на УО на Шпаркасе Банка, г-дин Глигор Бишев и Генералниот секретар на Црвениот Крст, г-дин Саит Саити денес го посетија летниот камп и се дружеа со децатa чија радост е неизмерна.
‘‘Проектите за општествена одговорност се од голема важност за банката. Ние сакаме да даваме допринос на заедницата. Се одлучивме за овој проект, почнавме со најмалите и тие на кои им е најпотребно. Не радува насмевката во детските очи. Огромна благодарност до сите хумани граѓани кои активно се вклучија во нашиот проект и со своите донации овозможија денес да бидеме сите тука.‘‘, изјави г-дин Бишев.
‘‘Ова е трет заеднички проект со Шпаркасе Банка и нашата соработка ќе продожи и во идинина. Задоволен сум што успeавме да ги донесеме децата во Струга, ова за нив е вистинско доживување. И благодарам на Шпаркасе Банка за иницијативата и за подготвеноста да им излезе во пресрет. ‘‘, изјави г-дин Саит Саити.
Летниот камп ‘‘Медо Штедо‘‘ е вистински летен одмор за децата, исполнет со многу забава, игра и смеа. Вработени во Шпаркасе Банка и во Црвениот крст ќе летуваат заедно со децата овозможувајќи им да бидат дел од едно големо семејство. Сите граѓани имаа можност да се вклучат во акцијата преку донаторските сметки на Шпаркасе Банка како и преку донаторските телефонски линии на мобилните оператори Т-Мобајл и Вип оператор.
Со овој проект, Шпаркасе Банка Македонија ја продолжува својата стратешка определба да бида активен учесник во развојот и унапредувањето на различни сегменти на општеството.
Годинава планирани се повеќе општествено одговорни проекти во различни области и во соработка со повеќе институции, невладини организации и партнери, меѓу кои се и оние за развој на најмладите, екологијата, образованието, спортот, културата, филмската уметност и др.