Децата и теaтарот

Посетата на театар има потенцијал да биде силно емоционално доживување, кое може да воспитува. Театарот може да ја допре детската фантазија, да пробуди интерес од уметноста и ја запали артистичноста во децата. Тој во себе содржи ресурси од различни области, како историја, географија, јазик и др. Театарот е комплексна уметност во која се измешани литература, музика, танц, дизајн, игра…

Поради овие специфики, театарот им помага на децата за духовна надградба, формирање осет за убавото, уметнички поглед, збогатување на системот на  вредности… Затоа е важно децата да се носта на театар од најмала возраст.

Од друга страна, театарските групи во училиште ги учат децата на важни вредности како посветеност и ангажман. Програмите на овие активности, помагаат децата да добијат различни познавања од историја но и други нешта, кои несе учат во училиште. Театарот игра голема улога во развојот на децата, било тие да се актери или само гледачи. Ако сепак вашето дете реши да се занимава со актерство и да погледне зад завесата на овој чуден, забавен и приказен свет, еве уште неколку добри аргументи кои ќе ги добие од него…

Самодоверба
Учеството во пиеси, е доказ за децата дека, постојат луѓе кои знаат да ги ценат. Театарот помага за изградба на самодоверба преку аплаузи и критики, кои учесниците- деца најчесто ги добиваат од возрасните или своите врсници.

Почит
Во театрите се ракоплеска, насочува, слуша, корегира, адаптира и сл…со еден збор, се работи на талентот на детето-актер. Не се допуштаат навреди, подигрувања, подсмевања и сл…кога некој направи грешка. Најчесто, добриот актерски мајстор, прави корекции само кога гледа некоја грешка. Секој човек е вреден, уникатен. Ова правило е од основно значење во театарот, а и во животот.

Комуникација
Кога ќе се најде во некоја несакана ситуација, можноста на детето кое посетувало татар, да се изрази правилно и јасно, е од голема важност. Тоа уште подразбира правилно разбирање и користење на јазикот на телото и невербална комуникација. Театарот о одличен учител на сето тоа.

Ораторство
Јавните настапи можат да бидат голем проблем, за деца кои се срамежливи или повлечени. Кога се дел од театарска група, децата можат да ја надминат срамежливоста и да развијат добри способности за јавен говор.

Одговорност
Учеството во театарска група е одличен начин, детето да се научи на одговорност. Кога едно дете учествува во создавање на драма, тоа ќе осознае дека, постојат многу други кои зависaт од него, дека без него нема да биде изводлива. Ќе разбере дека има должности, кои мора да бидат исполнети, за да не ги изигра останатите и доведе до неуспех.

Посветеност
Театарот бара многу работа. Детето треба да ги научи сите реплики напамет, да ги запамети движењата…сетоа тоа, може да се примени и во реалниот свет. Децата тоа го учат, додека се дел од процесот на правење на драмска претстава.

Л.Ѓ.

You May Also Like