Во последните 75 години, секоја една мајка во Финска, добива гратис од државата, картонска кутија, во која се спакувани алишта, чаршафи, играчки и сл. за своето новородено бебе. Точно таа кутија е првата лулка за бебето…
Дали тоа е причина Финска да биде земја со нај-ниска смртност меѓу децата и земја во која живеат нај-среќни мајки?
Се започнува уште во 30-те години на 20 век и се до денешен ден, традицијата, владата на оваа северна држава, да подарува стартен пакет на секоја мајка, продолжила. Ако ѕирнеме во кутијата, ќе најдеме бебешки капички, ракавици, бундичка, плетени блузички, боди, бањарка, постелнина за креветче, јастук и други аксесоари за бебиња.
Првата ноќ во Финска, голем дел од новородените ја поминуваат точно во тие четири картонски ѕидови, без значење, дали родителите можат да си го дозволат тоа или не. А 95% од мајките, ги чуваат кутиите како спомен.
Но да се вратиме во 1938 година… Тогаш идеата била овој подарок да го добиваат само семејства со ниски приходи. 11 години покасно, тоа правило не важело. Секоја идна мајка, имала право на таа помош, само ако се консултира со лекар пред четвриот месец и бременоста и биде контролирана професионално. Се тоа бесплатно… Со оваа одлука, драстично се намалил бројот на смртноста кај бебињата, кој во 1949 год. бил висок- 65 од 1000 деца.
Во оваа кутија нема бебешки шишиња и цуцли, зошто експертите прoцениле дека така ќе го поттикнат природното доење.
Оваа кутија е симбол. Симбол на идејата за еднаквост и за тоа дека, децата се многу важни.
Л.Ѓ.