Детски фестивал за слика и филм во Кинотека

По големиот успех на Детскиот фестивал за слика и филм (BUFF) минатата година, новото издание е посветено на темата „Бајки“ по повод 200-годишнината од објавувањето на првата збирка „Детски и домашни бајки“ на Браќата Грим. Фестивалот ќе започне на утре (11 мај 2013, сабота) во 12:00 часот со проекција на филмската адаптација на бајката „Мачорот во чизми“ во Кинотеката на Македонија.

 

Програмата на Детскиот дестивал за слика и филм ја сочинуваат дополнителни филмски адаптации на познати бајки од Браќата Грим, наградени детски филмови од фестивалот Prix-Jeunesse во Минхен, работилници, презентација на резултатите од ликовниот и филмскиот натпревар за ученици, а фестивалот ќе го заокружиме со големата патувачка изложба „Светот на бајките“ која ќе биде отворена на 29 мај во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје.

Фестивалот го организира Гете-институт Канцеларија за врски, Скопје во соработка со Кинотеката на Македонија, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје, Здружението на наставници по германски јазик, Бирото за развој на образованието, фестивалот Prix-Jeunesse од Минхен, ОХО, Алфа Телевизија.

You May Also Like