Не многу одамна, Мика Анџелa Хендрикс, сликарка по професија, не можела ни да замисли да ја дели работата во создавање на уметнички дела со некој друг. Меѓутоа, еден ден нејзината 4 годишна ќерка почнува да “придонесува” во работата…
Се започнало така што ќерката Мила приметила дека мама купила нов блок за скицирање и побарала и таа да црта во него. Мама не била воодушевена со таа идеја – детето да шкрта по скапиот прибор, но ќерката ја потсетила на домашното правило “кога некој не дели нешто, тоа нешто му се одзема“…

Сега, мајката прво црта портрет, а нејзината ќерка го довршува телото на начин кој смета дека најмногу ќе одговара на ликот, што го нацртала мајката.
„Понекогаш и давам предлози од типот… “може таа треба да има тело на змија“…но таа обично ги игнорира моите сугестии, ако не се поклопуваат со нејзината замисла. Јас сум возрасна особа и перфекциониста, па идеите потешко ги реализирам…затоа се трудам да бидам оптимист и да мислам како мојата ќерка би нацртала нешто макар приближно до мојата идеја. Кога таа црта круг, во него нешто додава со маркер, дел од мене помислува “Што тоа работи“? Но, треба да знаете дека, во повеќето случаи детската фантазија е поголема од таа на возрасните, а нашите дела на крај изгледаат многу подобро, отколку што сама ги имам замислено“, препорачува сликарката.
Припремил Л.Ѓ