Ден на Универзитетот ЕСРА во Охрид

Утре (сабота, 19 август 2012) со повеќе активности во рамките на Охридско лето, ќе биде одбележан денот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА. Програмата ќе се одвива во Домот на Културата „Григор Прличев” во Охрид:

 

20:00
– Изложба на фотографии на студентите по Фотографија, во класата на Проф. М-р Роберт Јанкулоски
– Промоција на книгата „Детето во мене”, од Љубе Цветановски
– Промоција на реставрирани аудио снимки од Никола Бадев, од страна на студенти по Тонска продукција, во класата на Проф. М-р Валентино Скендеровски

21:00
Изведба на делото „Солзи” од Миодраг Божиновски, во изведба на Дарко Мариновски на пијано и Антонио Ѓорѓиев на виолина

Премиерна изведба на делото “Jardins fragiles” од Кристијан Лотито, професор на ЕСРА Франција, во изведба на Квартет Зографски (Фросина Богдановска – виолина, Горан Муратовски – виолина, Александар Стојчески – виола, Кирил Јосифов – виолончело)

21:30
Проекција на студентски филмови, изработени од страна на студенти од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА

22:00
дипломска претстава „Љубовникот” од Харолд Пинтер, во изведба на студентите по актерска игра Теоман Максут и Анкица Бенинова, во класата на професорот Дејан Пројковски. Демонстратор Андреј Цветановски, Режија Ирена Стеријовска

You May Also Like