Ден на изложби и концерти на Бит фест

На програмата на Бит Фест 2013 денеска (понеделник, 22 јули) се следниве настани:

bit fest 2013 plakat

 

Во 11.00 часот во градскиот парк кај Саат кулата ќе биде отворена изложбата „Наш ден“ во организација на Здружението на граѓани Аманет.

Во 20.00 часот во Фоајето на Центар за култура ќе се отвори изложбата наловена „Со љубов за Битола“ во организација на Здружението на граѓани ЦЕРИ.

Во 20.00 часот во малата сала на НУ Завод и музеј ќе биде отворена изложбата на Лена Ѓуриќ – „Парижанка во Битола“.

Во концертната сала на Завод и музеј ќе се одржи солистички концерт на Ана Велиновска – пијано.

Гости во програмата: Дуо Cantabile (Дамијан Каранфилов – баритон и Ана Велиновска пијано), Пијано дуо Велиновска – Глигоровска

Во 22.00 часот во Градскиот парк ќе се одржи рок вечер со Агим Џело насловена како „Ноќ со металманија“.

You May Also Like