Ден за ракотворби и литература на Бит фест

Денеска (сабота, 27 јули) на програмата на Бит фест се:

bit fest 2013

19.00 Широк сокак

9-та Традиционална изложба на ракотворби „Допрете ја душата на Македонија“ ЗУР Македонски ракотворби

Ракотворци од Битола, Скопје, Куманово, Виница, Пробиштип ќе изложуваат сувенири со македонси обележја, шешири, марами и слично, слики изработени во срма, икони, накит, облека со мотиви од македонски традиционални везови, сувенири од дрво…и многу други рачни изработки кои ја прикажуваат македонската традиција. Изложбата ќе трае 6 дена, а граѓаните ќе имаат можност да ги разгледаат ракотворбите, а исто така и да купат дел од изложените ракотворби.

 

21.00 Пацио – Завод и Музеј

Фестивал на литература и аудио визуелни уметности „300 РАБОТИ 300“

You May Also Like