Третиот тематски ден (26 јули, петок) на струшкиот фестивал за процесирање култура ДримON e именуван „Збор Два Текст“ и е посветен на пишаниот збор.
Директорот на Струшките Вечери на Поезијата, Мите Стефоски ќе одржи предавање за скандалот и уметничкиот ефект. Еден од новите автори на Македонска книжевна сцена Алекс Букарски исто така ќе има свое предавање посветено на Џерoм Селинџер. Вечерта е резервирана за поетски перформанс на младиот, но веќе реномиран писател Ненад Јолдески и за поетско читање на Васко Марковски, обете пропратени со изложба на фотографии на Лени Фон Гелева.
Збор- два- текст
12:00 Драмска работилница за млади со Елида Бахтијароска
14:00 Предавање, работилница:
„Скандалот и уметничкиот ефект“ Мите Стефоски
19:00 „Медитации: Љубовта во себе, љубовта за себе, за другите, за градот“
Професор по јога Ванчо Тасески
20:00 Предавање: „Џером Селинџер“ Алекс Букарски
21:00 ИЗЛОЖБА на Наташа Гелева
„Елегија за старата железничка“
22:00 Поетски перформанс, Ненад Јолдески
Поетска вечер со Васко Марковски
“Отсечки (записи од патувања низ нашето секојдневие)”
Музика: Јане Алтипармаков