По повод националниот празник на Македонскиот народ и патрониот празник „Илинден 2-ри Август“ градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски подели државни знамиња на жителите од Општината.
Граѓаните беа видно изненадени и благодарни што со истакнување на знамињата во своите домови ќе придонесат кон одбележување на големиот празник Илинден.
Активностите по повод денот на Општината „Илинден 2-ри Август“ започнаа во текот на минатата недела со одржување на крводарителска акција, фолклорен концерт на КУД „Решетари“ и Ансамблот за народни песни и ора „Илинден 72“, спортски активности во Спортскиот викенд „Илинден 2013“, централната прослава со општонароден собир во манастирскиот комплекс „Св.Ѓорѓија“ како и поставување на државни знамиња на локалните улици и патишта во Општина Илинден.
Во годината кога одбележуваме 120-ет години од формирањето на Македонската револуционерна организација и 110-та годишнина од Илинденското востание, Општина Илинден ја прославува 17-ет годишнината од своето постоење како посебна локална самоуправа.