Делегација од Скопје на конференција за енергетска ефикасност во Фрајбург

Освен од Градот Скопје, на конференцијата во Фрајбург присуствуваат претставници од Подгорица, Сараево, Загреб и од Тирана, а гостуваат и експерти од САД, Јапонија и од Јужна Америка.

frajburg_konferencija_energetska_efikasnost

 

Делегација од Градот Скопје учествува на дводневната Конференција за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија што се одржува во Фрајбург, Германија.

Градот Скопје е потписник на Меморандумот за соработка меѓу „Мрежата на енергетски ефикасни главни градови во југоисточна Европа, меѓу коишто се Загреб, Скопје, Сараево, Подгорица, Тирана и Фрајбург (како град модел) и Германската развојна програма (ГИЗ), со што се потврдува посветеноста на Градот Скопје за одржливо користење на енергијата.

Претставниците на градовите од Балканот што се членови на Мрежата на енергетски ефикасни градови на оваа конференција имаат можност да разменат мислења и да разговараат за енергетската ефикасност, за обновливите видови енергија, менаџментот на отпадот, за ефикасниот транспорт и транспортните системи вклучувајќи го тука и велосипедскиот транспорт, за користа од енергетски ефикасни фасади и за намалување на емисиите на јаглеродиоксид. Дел од Конференцијата е посветен на Односите со јавност и организацијата на Денови на енергетска ефикасност во главните градови на државите од Балканот, коишто во Скопје ќе се одржуваат од 25 до 27 ноември.

You May Also Like