Од утре (недела, 07.06.2013 година) делегација на Град Скопје и претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, на покана на концесионерот на депонијата “Дрисла” – конзорциумот составен од FCL AMBIENTE SRL и UNIECO SCC COOP од Италија, ќе присуствуваат во дводневна посета на Фиренца, Италија.
За време на посетата делегацијата ќе биде запознаена со начинот на работа којшто ќе функционира фабриката за преработка на отпадот во депонијата “Дрисла”.
Градот Скопје со конзорциумот составен од FCL AMBIENTE SRL и UNIECO SCC COOP од Република Италија потпишаа договор за заедничко вложување во Јавното претпријатие депонија Дрисла – Скопје, со цел вршење концесиска дејност во траење од 35 години.
Вкупната инвестиција за тарансформирање на ЈП “Дрисла” ќе изнесува 73 милиони евра, а вложувањето на средствата е планирано да се изврши во период од 4 до 5 години. Со овој договор е предвидено депонијата да прерасне во индустрија за екологија, во која отпадот ќе се трансформира во енергија или гориво и репроматеријал, секундарна суровина, со што драстично ќе се намали количеството отпад што трајно ќе биде одложуван на депонијата и ќе има поголема искористеност на повторно обновливите делови.