Дела од колонијата „Дрен“ за крај на Прилепското лето

Денеска (петок, 6 септември 2013 година), во изложбениот салон на Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, ќе биде отворена изложба на слики од шестата колонија Дрен, која се одржа од 28 јуни до 7 јули.

ucesnici_nа_kolonijata_dren_2013

Љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да се запознаат со 60 дела (Пејзажи, апстракции, мртва природа…) што ги создадоа уметниците од Македонија, Русија, Бугарија, Словенија.

Ќе бидат изложени дела од Малка Малкова, Светлана Вахнина, Александар Белугин од Русија, Павлинка Маркова – Копано, Светлозар Недев и Корнелија Марган од Бугарија, Лучка Шпаровец од Словенија, како и македонските сликари Христина Зафировска, Силвана Атанасовска, Владимир Кнежевиќ – Путец, Олгица Антовска, Богданка Барутовска, Николета Стојческа, Елица Димитрова и Тони Чатлески.

malkova_kolonija_dren

Со изложбата, која е по повод одбележувањето на 8 Септември, државниот празник на Македонија, завршува годинешното издание на Прилепското културно лето, што го организираше ЦК “Марко Цепенков”, а кое понуди повеќе настани – концерти, претстави, изложби.

catleski_kolonija_dren

You May Also Like