Македонскиот сликар Киро Урдин од 7 до 12 јуни со свои дела ќе се претстави на Деновите на економска, трговска и културна размена на државите од ЈИЕ во Кина. Урдин гостува на покана на Нингбо Музејот на уметноста.
Ќе бидат изложени дела на Урдин, масло на патно „Harmony“, „Crystal Movement“, „First Secret“, „Gray Matter“, „Venezia Dream“, „Forbidden City“, „Another Galaxy“ и „Organic Feeling“… Делата се избрани од музејот, а се подготвува и каталог.
Покрај Урдин како претставник од Македонија, ќе се претстават и уметници од Србија, Босна, Словенија, Бугарија, Азербејџан, Грузија, Чешка, Словачка, Унгарија и Романија.
Во моментов 15 дела на Урдин се изложени на групна изложба во Mouche Galery во Беверли Хилс.