Утре (четврток, 18 април 2013 година) во 10:30 часот, на Економскиот факултет во Скопје, Францускиот институт ја организира втората дебата од циклусот „Кризата и земјите-кандидатки за влез во ЕУ“, насловена како „Последиците од должничката криза врз Европа и еврото“.
Учесници на дебатата ќе бидат aкадемик проф. д-р Таки Фити, професор на Екомомскиот факултет-Скопје, и Ален Фабр, експерт во Фондацијата Робер Шуман, економист и финансиски советник.
Дебатата ќе ја отвори Лоранс Оер, Амбасадор на Франција во Македонија. Настанот се организира во соработка со Економскиот факултет во Скопје и Делегацијата на Европската Унија.