Денеска (четврток, 25 септември) на 39-то издание на МОТ гостуваат Словенско младинско гледалишче и театарот Маска, исто од Словенија.
Во придружната програма во 21:00 часот во МКЦ ќе биде претставена книгата „Отворен круг“ од Лилјана мазова.
20:00 ч. МКЦ
ПАВЛА НАД АМБИСОТ
Словенско младинско гледалишче
Режисер: Matjaž Pograjc
Во алпинизмот и во кинематографијата, Павла Јесих трасираше нови патишта. Режисерот Матјаж Пограјц го повика драмскиот писател Андреј Е. Скубич да напише текст за неа употребувајќи ги следниве зборови: „Качувањето е начин да се победи светот, а таа како жена алпинист, освен тоа, морала да ги победи и мажите. И успеала во тоа.” Пограјц во претставата качувањето го зема буквално: како качување (на глумците) по „северниот” ѕид од театарот додека играат, но истовремено и како качување по заледениот ѕид на политиката кој се покажува како лизгав, дури и за Павла. Во оваа храбра, иновативна и претстава со естетска совршеност, екипата успева да „ја поврзе приказната за тажната судбина на буржоазијата од предвоениот период со иновациите во областа на физичкиот и театарот на ризик.”
25.09.2014 22:30 ч. МКЦ
Škrip Inc.
Маска, Љубљана, Словенија
Кога можеш да кажеш што те мачи без да се плашиш дека ќе загубиш нешто потоа. И да ги откриеш своите тајни без да чувствуваш вина за тоа. Место каде што ќе можеш да бидеш врзан, но сепак слободен. Каде што ти си тој што се важи, не грешките. Она топло чувство дека си меѓу своите луѓе. Škrip Inc. Вербата во магија е доминантната сила во нашите животи. Се стремиме кон совршено задоволство, постојано и засекогаш. Се пробиваме низ бучавата. Најдобрите нешта се случуваат кога не сме присутни. Секогаш доцниме. Престанавме да размислуваме за тоа кои сме. Нема време. Што ни е потребно? Škrip Inc. Важна цивилизациска придобивка е работата којашто овозможува преживување и личен развој. Ако згора на тоа стане и профитабилен бизнис, тогаш навистина нема од што да се плашиме; автоматски исчезнуваат границите меѓу уметноста и животот. И сите можат да ги добијат своите 15 минути слава. Сè функционира без прекин и секој од нас ќе доживее повторно раѓање во иднина.
Škrip Inc. е резултат на маркетиншка манипулација со масите и нејзината причина. Преку ширење пропаганда за опсежниот и сеприсутен бренд, девојките се стремат – и баш одлично им оди – да ги отворат очите на потрошувачкото општество. Škrip Inc. го прави тоа со медиумот што тие најдобро го разбираат – музиката – и го претставува својот деби албум: We Just Do It!
Придружна програма
25.09.2014
21.00 ч. МКЦ
Отворен круг – Лилјана Мазова
Презентација на книгата
Учествуваат: Снежана Конеска – Руси, Никола Ристановски, Дарја Ризова, Емил Рубен, Драган Спасов – Дац, Васил Зафирчев
Лилјана Мазова долговодишен сведок на настаните во театарот во Македонија и светот низ содржината на Отворен круг ни ја отвара својата меморија за театарот, најмногу з аоние што ни се најблиску до публиката – актерите. Својот став за нив го раскажува како прозен запис и не ја крие приврзаноста и поврзаноста. Ја отвара меморијата низ настани што излегуваат од нејзиниот “момински ковчег“ во кој се ставови, случувања или уште кој знае што од она што е автентичен автор на македонската театарска меморија.