Две изложби на последната вечер на Бит фест

Денеска (сабота, 24 август) е последната вечер на Битолското културно лето – Бит фест 2013. Настаните кои ќе го заокружат најдолгото културно лето во Макеодниоја започнуваат во 19:30 пред Магаза.

Magaza_Bitola

Пред Магазата ќе биде отворена изложба на фотографот Сашо Ристевски , додека во изложбениот простор на КЦ Магаза во 20:00 ќе биде отворена изложба на Драган Најдовски, Стефан Малбашиќ и Владимир Симоновски.

Во 21.00 часот во Хераклеа започнува големата забава со рок музиката на Мадригали, Дадо Топиќ, К-15 и Токму така..

You May Also Like