Најнови песни од познатите кавадаречки поети и блогери Марјан Тодоровски и Вероника Костадинова ќе бидат објавени во Електронскиот зборник на андерграунд поезија на познатата поетска асоцијација“ од Белград, Србија “Поезин“ и тоа како единствени од Македонија.
“Поезин“ е асоцијација на поетски автори и изведувачи кои поезијата не ја доживуваат исклучиво како литературна форма, туку и како перформанс и интеракција со публиката. На поетскиот конкурс учествувале 212 поети а од нив 55 од седум европски земји ќе бидат објавени во Зборникот. Како изненадување на Конкурсот комисија составена од познати мејнстреим и андерграунд поети од регионот ке доделат и награди за, според нивното мислење, најдобрите песни во Зборникот. Промоцијата на Зборникот ќе се одржи нa почетокот на октомври годинава во Белград.