„Да научиме“ номиниран за World Summit Award за развој на е-учењето и знаењето

WSA – World Summit Award или Награда на Светскиот самит е е – натпревар кој ja доделува наградата за најдобра содржина на веб просторот.

da-naucime

Нивното мото гласи: паметна содржина за паметни луѓе и веќе 10 години оддаваат признание на е-проектите кои што се извонредни и вршат продуктивно влијание на локалниот терен. Тие ги истакнуваат квалитетните содржини и ги доближуваат локалните програмери до глобалната сцена со цел развој на информатичкото општество.

Проектот „Да научиме“ (www.danaucime.mk) е номиниран како еден од најдобрите сајтови од Македонија кој придонесува за развој на е-учењето и знаењето и веќе се наоѓа во вториот круг во конкуренција со 80 други е- проекти од целиот свет, oд областа на е-учење и знаење.

По следната фаза, ќе бидат избрани вкупно 40 финалисти од 8 категории кои што ќе ја имаат можноста да го презентираат своето дело на глобалниот конгрес во Шри Ланка од 23 до 26 октомври , пред меѓународна експертска публика.

You May Also Like