Град Скопје со апел: Не палете оган и не фрлајте отпушоци во природа!

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, во согласност со мерките и надлежостите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило, преземаат мерки и активности за превентивно дејствување во врска со заштитата од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во наредниов период.

vodno-park-shuma

Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ апелираат до граѓаните да бидат повнимателни поради високите надворешни температури и сушниот период, бидејќи се зголемува опасноста од избувнување пожари и им препорачува да бидат помобилни при настанување пожар на отворен простор, особено на местата како што се: Парк –шумата Водно, Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и други излетнички места.

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, исто така, апелираат до граѓаните коишто се движат или се рекреираат во парк-шумите или излетничките места да не палат оган на отворен простор и на небезбедни места, да не се пали отпад и да не се фрлаат отпушоци од цигари.

You May Also Like