Град Скопје повторно ќе прска против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека третиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) против комарци ќе се изврши во деновите од претстојниот викенд, односно на 06.07.2013 година (сабота) и на 07.07.2013 година (недела), во периодот од 5:30 до 8:00 часот.


Третиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) против комарци ќе се одвива во деновите од 08.07.2013 година до 12.07.2013 година (од понеделник до петок), во периодот од 1 до 5 часот ноќта.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден термин кога временските услови ќе бидат поволни, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

You May Also Like