Градските редари ќе патролираат со велосипеди

Градоначалникот Коце Трајановски и министерката Гордана Јанкулоска денеска (недела, 01.09.2013 година) ја посетија велосипедската единица при СВР Скопје и заедно со нив направија заедничка обиколка на велосипеди од полициската станица “Беко” до Градскиот Парк.

Koce Trajanovski Vozenje an velosipedi 01.09 (3)Како што информирмираше министерката Јанкулоска, трасата по која денеска возеа е една од најфреквентните во Скопје и по истата во наредниот педиод полициските сили со поголема фреквентност ќе патролираат со велосипеди.

Градоначалникот Трајановски ја поздрави оваа активност, потенцирајќи дека со ова полициските сили ќе бидат помобилни и побрзо ќе ги извршуваат нивните задачи, како и дека во иднина и градските комунални редари ги патролираат со велосипеди.

Во тек е постапката за набавка на нови велосипеди за 20-те комунални редари на Градот Скопје со кои тие ќе ги патролираат јавните површини во сите скопски општини. Истовремено, во наредниот период Градот Скопје интензивно ќе работи на адаптација на велосипедските патеки во насока на надминување на препраките со кои што се соочуваат велосипедистите, рече Трајановски.

Koce Trajanovski Vozenje an velosipedi 01.09 (1)

Koce Trajanovski Vozenje an velosipedi 01.09 (2)

 

You May Also Like