Градот Скопје сака да ја реагира за дел на информациите кои беа објавени во поголем број на медиуми, поврзани со процесот на менувањето на имињата на улиците, булеварите, мостовите и други инфраструктурни објекти во Градот Скопје.
Дообјаснувањето коешто беше испратено вчера (05.07.2013 година, петок) од страна на Градот Скопје, околу настанот организиран од страна на Општина Чаир, беше токму во насока на спречување на забуна во јавноста.
Имено, Одлуката за определување и промена на имиња на улици, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје е донесена од страна на Советот на град Скопје, која се случи на 66-тата седница, одржана на 24.06.2012 година.

Ова значи дека овие улици се преименувани пред повеќе од една година и не станува збор за носење на некоја нова одлука или за некои дополнителни промени. Овие имиња се важечки, внесени во Централниот регистар на Република Македонија и се официјални веќе една година.
Околу информациите објавени во дел од медиумите, околу бројот на улици чии имиња се сменети, каде што се споменува бројка од 300 улици, сакаме да ја информираме јавноста дека со ова одлука се опфатени имињата на 32 улици и булевари, 2 моста и 1 парк.