Каменичко Културно Лето 2013 ќе биде отворено на 20-ти Август со заеднички настап на искусните македонски диџеи DJ Goce SAF и DJ Dimitri from Chair, кои по неверојатните настапи ширум Македонија конечно ќе пристигнат и во Македонска Каменица.
Публиката со нетрпение го очекува овој настан, а покрај каменичани се очекуваат гости и од другите градови од Источна Македонија.
Наредните денови на сцената на Градскиот плоштад во Македонска Каменица ќе настапат и бендовите Лабаво Лавабо, ПМ (Пи Ем), Били Естебан, Ајдаред, маестралниот Уска Кан Блех Оркестар, неколку реномирани културно-уметнички друштва, тамбурашки оркестри и ансамбли.
Кулминација, манифестацијата ќе достигне на 27-ми и 28-ми Август со концертите на еден од најдобрите македонски бендови, Фолтин, и балканската поп ѕвезда Жељко Самарџиќ.
Влезот за сите настани е бесплатен.