В петок (13 септември) во 20:00 часот, Турскиот театар од Скопје ќе ја изведе претставата „Госпоѓица Јулија“ од Август Стриндберг во режија на Александар Поповски.
Со „Госпоѓица Јулија“ Турскиот театар ја отвора новата сезона.
Улогите во претставата ги толкуваат:
Госпоѓица Јулија : Сузан АКБЕЛГЕ
Жан : Осман АЛИ
Кристина : Несрин ТАИР
Сценографија, костимографија, дизајн на плакат: Свен ЈОНКЕ
Асистент на режија: Лука КОРТИНА
Претставата се изведува со титл на накедонски јазик